ТЕРА

REKLAMA???

ЈОВАН КАКО ХЕРОЈ ПРЕЧЕКАН ВО СВОЕТО УЧИЛИШТЕ ВО ВИНИЦА

Деветнаесетгодишниот Јован Костадинов, кој спаси 21 лице во пожарот во дискотеката во Кочани, беше примен на Клиниката за токсикологија заради белодробни потешкотии, односно експозиција или вдишување на зголемени концентрации на јаглероден моноксид. Тој вчера е пуштен на домашно лекување.

Денеска како херој беше пречекан од неговите соученици во училиштето во Виница.

„Од денес хероите имаат име – Јован Костадинов! Денес учениците и професорите од нашето училиште му приредија дочек на јунакот.

Јован е матурант во класот 4-6 сообраќајна струка-шпедиција, со класен раководител Моника Маркова. Несебичноста, пожртвуваноста, солидарноста и човекољубието се дел од нашите ученици. Вредностите коишто ги поседуваат се херојски видливи и за навек запаметени. Јован, биди здрав, среќен и продолжи со хуманоста – се гордееме со тебе!

Твоето училиште, СОУ ,,Ванчо Прке” – Виница“, стои во објавата на училиштетот каде Јован учи.