ТЕРА

REKLAMA???

Ќе биде посложено да се оди на саботен шопинг во Грција

Битолчани од 10 април ќе мора внимателно да ги планираат своите шопинг денови во Грција.  Од 10 април  би требало да зпочне целосната примена на процедурите за секој патник од Македонија кој планира краткорочен престој во Шенген Зоната. А тоа подразбира дека на граничниот премин имаат право да ве прашаат каде одите, на колку време и каде ќе престојувате и за тоа да ви побараат доказ.

Измените за влез во земјите  членки на ЕУ беа најавени пред две години, но нивната имплементација не започна затоа што земјите не беа технолошки подготвена за реализација.

Новиот систем за електронска регистрација на вле и излез познат по кратенката ЕЕС подразбира наместо  класично само печат во пасош, на граница давање на податоци од пасош, фотографија на лице, а во одредени случаи и отпечатоци од прсти. Сите европски одлуки и директиви за земјите членки 10 април оваа 2026 година го посочуваат како краен рок на сите крајни рокови што се провлекуваат подолго време.

Од  крајот на  оваа година ќе профункционира и системот за задолжително онлајн патно одобрение или познато како ЕТИАС систем.

Овој нов режим за влез во ЕУ за македонските државјани  носи суштинска промена во начинот на кој се контролираат патниците, бидејќи проверките повеќе нема да се вршат само на граница, туку уште пред патувањето.

Апликацијата за ETIAS ќе се поднесува онлајн, достапна 24 часа дневно, а системот автоматски ќе ги анализира внесените податоци, вклучително лични информации, податоци од биометриски пасош и историја на патувања. За првпат, како дел од овој процес, ќе се применуваат и автоматизирани здравствени проверки, чија цел е рано откривање на потенцијални епидемиски ризици.

Во рамки на апликацијата, патниците ќе треба да одговорат и на прашања поврзани со претходни патувања, евентуални проблеми со имиграциски власти, како и посети на региони погодени од конфликти, нестабилност или здравствени кризи. Овие информации служат за проценка дали постои потенцијален ризик пред лицето воопшто да пристигне на европска територија.

Одобрението преку ETIAS ќе чини 20 евра и ќе важи за повеќе патувања, сè додека пасошот на патникот е валиден. Но, и покрај тоа што претставува предуслов за патување, ова овластување не гарантира автоматски влез во Европската Унија, бидејќи конечната одлука останува во надлежност на граничната полиција на самите гранични премини.

Оттука, за да не се изложувате на непотребни трошоци – купена авионска карта или закупено сместувалиште, ETIAS апликацијата – формуларот треба да го имате најмалку 30 дена пред конкретното патуавње, советуваат од туристичките агенции.

Ова подразбира  дека на граничните премини не смеете да бидете збунети за целта на своето патување , ниту пак збунетост во одговорите на прашањтата „Каде одите?“   „Колку дена ќе останете?“   „Каде ќе престојувате?“   „ Дали имате ли резервација?“ или пак „Кога се враќате?“

Оттука јасните одговори за саботните или празнични посети на пограничните грчки градови  подразбираат фрази како   „еднодневно патување“ ,   „шопинг“ ,   „туристички престој“   „враќање истиот ден“ .

За подолг престој, како што е сега сезоната на одмори кои не се организирани преку агенција, потребно е на рака да ја имате резервацијата, адресата кадешто ќе прерсотијувате или едноставно јасен план за минувањето во земјите на ЕУ.

 

 

фото насловна : https://www.eeas.europa.eu/