Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го ограничи пристапот на неговиот претходник Џо Бајден до класифицирани формации.
Традиционално, поранешните претседатели добиваат одредени доверливи информации од безбедносните служби откако ќе ја напуштат Белата куќа.
„Нема потреба Џо Бајден да продолжи да има пристап до доверливи информации. Затоа, веднаш му го одземаме одобрението на Џо Бајден за пристап до доверливи информации и ги запираме неговите дневни разузнавачки брифинзи. Секогаш ќе ја штитам националната безбедност – Џо, отпуштен си. Ќе ја направиме Америка повторно голема“, напиша Трамп на социјалната мрежа Truth Social.
Во 2021 година, веднаш по преземањето на функцијата, Бајден изјави за Си-Би-Ес дека не е добро Трамп да има пристап до разузнавачките информации поради неговото „непредвидливо однесување“ и загриженоста дека може да сподели доверливи податоци.
МИА












