ТЕРА

REKLAMA???

11-ТИ МЕМОРИЈАЛЕН ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „ПЕЦЕ МАТИЧЕВСКИ“

Свечено беше отворен  11-тиот по ред Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“, кој традиционално се одржува секој јуни во Новаци.

„Овој настан е посветен на нашиот херој Пеце Матичевски, кој го даде својот живот за татковината во 2001 година. Турнирот е организиран со поддршка од Општина Новаци, која континуирано ги поддржува спортските настани и манифестации во рамките на своите можности“ рече градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.

Оваа година учествуваат 32 екипи поделени во 8 групи, а средствата од котизациите се наменети за организација и награди за победниците.

„Посакуваме уште многу успешни години на постоење и организирање на овој спортски настан, кој не само што го одржува споменот на Пеце Матичевски, туку и ја зајакнува спортската култура во нашата општина“ вели Стевановски.