ТЕРА

REKLAMA???

12% РАСТ НА АКЦИИТЕ НА „ТЕСЛА“ ПО ПОБЕДАТА НА ТРАМП

Акциите на „Тесла“ (TSLA.O) забележаа пораст од 12% во преттрговијата на Вол Стрит, откако републиканецот Доналд Трамп ја прогласи победата во трката за претседател на САД, по поразот на потпретседателката на Демократската партија, Камала Харис, пишува Ројтерс.

Извршниот директор на Тесла, Илон Маск, кој е познат поддржувач на Трамп, неколку пати изразил поддршка за поранешниот претседател во текот на изборната кампања. Маск, исто така, активно го промовираше Трамп на својата платформа X (поранешен Twitter), и изрази подготвеност да работи со него ако Трамп стане повторно претседател.

Трамп во својата изборна кампања веќе најави дека би основал комисија за владина ефикасност, на чело со Маск, ако победи на изборите. Ова предизвика очекувања дека новата администрација би можела да има пофлексибилни политики во однос на субвенциите за електрични возила.
„Сеуште е непознато какви ќе бидат субвенциите за електрични возила, но се очекува поусогласена политика“, изјави Сузана Стриитер, шеф на секторот за пари и пазари во Hargreaves Lansdown. „Трамп веројатно ќе сака да го задржи Маск на својата страна и ако се реализира понудената улога за советник на владата, Маск ќе има значително влијание.“

Акциите на Тесла листирани во Франкфурт исто така забележаа пораст од повеќе од 14%.
На крајот на минатиот месец, Маск најави дека очекува продажбата на возилата на Тесла да порасне за 20% до 30% во 2024 година.

Фото: Ројтерс