Државната изборна комисија (ДИК) врши достава недоверливиот изборен материјал до сите општински комисии, а в четврток и петок ќе се доставува и доверливиот изборен материјал. Тоа беше соопштено на денешната 144. седница на ДИК.
Доставата на доверливиот изборен материјал, како што истакна претседателот на Комисијата Борис Кондарко, се врши под целосно и постојано обезбедување од страна на МВР, според однапред усвоен и предвиден план и процедури, кои се надлежни да ги применуваат овластените лица од МВР. Материјалот ќе биде соодветно чуван и обезбедуван и пред денот на гласањето, после гласањето, транспортот, повратно до ОИ и ДИК.
На седницата беа прифатени и барања за набљудување на локалните избори поднедени од домашни и меѓународни организации пристигнати меѓу две седници на ДИК. Барање за 30 набљудувачи, како што информира членот на ДИК Светлана Карапетрова, имало од амбасадата на САД во Скопје. Турската државна телевизија имала барање за двајца новинари, Здружение вејк ап дополнување од 51 набљудувач, Национален ромски центар и Сојузот национален совет за родова рамноправност дополнување барале дополнување на барањата со по еден набљудувач.
„Врз основа на ова акредитираните набљудувачи ќе добијат овластувања и беџови за идентификација кои задолжително треба да ги носат со себе при посета на избирачките места. Секој овластен акредитиран набљудувач мора да го почитува кодексот за правилата за набљудување на изборите и изборната постапка донесен од ДИК, рече Карапетрова.
Според неа, до ДИК пристигнале барања за вкупно 1.341 набљудувач, од кои 700 домашни и 639 меѓународни и двајца странски новинари.












