ТЕРА

REKLAMA???

14 ГОДИШНИК УБИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ВО УЧИЛИШТЕ ВО ЏОРЏИЈА

Најмалку четири лица загинаа, а околу триесет се повредени во пукањето во средно училиште во американската држава Џорџија, јави Си-Ен-Ен.

Некои од повредените луѓе во средното училиште Апалачи во Виндер, не настрадале само од пукањето, туку и од повредите здобиени при бегство. Канцеларијата на шерифот на округот Бароу соопшти дека осомничениот е уапсен.

Ситуацијата сега е под контрола, а учениците се пуштени дома, соопшти кабинетот на локалниот шериф.

Осомничениот е идентификуван како Колт Греј, 14 годишен ученик во училиштето Апалачи во Виндер. Тој е во притвор и ќе му се суди како на возрасен, изјави Крис Хосеј, директор на Бирото за истраги во Џорџија. Греј минатата година бил испрашуван од полицијата за анонимни онлајн закани, соопшти ФБИ. Во мај 2023 година, момчето негирало дека стои зад објавите на интернет кои содржеле фотографии од оружје и закани дека ќе пука во училиштето.

Американскиот претедател Џо Бајден рече дека оруженото насилство ги уништува американските заедници.