ТЕРА

REKLAMA???

148 ВОЗАЧИ САНКЦИОНИРАНИ ОТИ БРЗО ВОЗЕЛЕ

Вчера од 15.00 до 21.00 часот на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 148 возачи, од кои 47санкции се изречени на територија на Битола, 38 на територија на Ресен, 39 во Прилеп,6 во Демир Хисар, 3 во Крушево и 15 санкции во Македонски Брод.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.