ТЕРА

REKLAMA???

18 ДЕКЕМВРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МИГРАНТИТЕ

На 4 декември 2000 година, Генералното собрание на ОН, земајќи го предвид зголемениот број мигранти во светот, го прогласи 18 декември за Меѓународен ден на мигрантите.

Миграцијата е глобален феномен поттикнат од многу сили. Тие започнуваат со аспирации за достоинство, безбедност и мир. Одлуката да се напушти домот е секогаш екстремна и, премногу често, почеток на опасно, понекогаш фатално патување.

Предизвиците со кои може да се соочат мигрантите – од предрасуди и дискриминација, до целосно насилство и злоупотреба и незамисливата суровост на трговијата со луѓе, се голем аларм за човечноста и емпатијата на луѓето кои ја злоупотребуваат оваа ранлива категорија. 

Од 2014 година, речиси 70.000 мигранти загинале или исчезнале по опасните копнени и морски патишта. Се смета дека вистинскиот број е многу повисок. Секоја од овие забележани смртни случаи претставува не само статистика, туку изгубен живот кој има длабоко влијание врз семејствата, заедниците и општествата низ светот. 

Во текот на изминатата година, бевме сведоци на рекорден број раселени лица, зголемени хуманитарни потреби поради постојаните и нови кризи, и, на жалост, највисоката бројка на загинати мигранти во транзит. 

Сепак, покрај овие предизвици, постојат многу приказни со среќен крај кои покажуваат дека безбедната и добро управувана миграција има потенцијал и треба да се залагаме за правата на сите мигранти и да работиме на создавање безбедни, хумани и инклузивни миграциски системи.

Фото: pexels