Според информациите од Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие до утрово до 6:30 часот на територијата на Македонија има вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, под контрола 1, а изгаснати 26.
Активен е пожарот во Општина Македонски Брод во повеќенаменското подрачје „Јасен“ (мешана шума) и во Општина Јегуновце помеѓу селата Рогачево и Јажинце (пасишта).
Од овој регион изгаснат е пожарот во Општина Демир Хисар кај село Мало Илино (дабова шума), во Општина Прилеп село Дабница (ниска вегетација), во Општина Ресен село Дрмени (ниска вегетација).
Фото: Дирекција за заштита и спасување












