ТЕРА

REKLAMA???

21 ГОДИШНО МОМЧЕ УБИ 8, А РАНИ 13 ЛУЃЕ КАЈ МЛАДЕНОВАЦ ВО СРБИЈА

Синоќа пред полноќ во селото Дубона кај Младеновац, 21-годишниот У.Б. уби осум, и повреди 13 луѓе, јави Бета.

Нападот почнал во селото Дубона, кога младиот човек почнал да пука од автомобил во движење со автоматска пушка, а потоа пукал и во селата Мало Орашје и Шепшин.

Српските медиуми јавија дека во тек е акција за потрага по осомничениот, насловена „Вихор“, дека е распишана потерница и оти по него трагаат повеќе од 600 припадници на МВР.

Ранетите се пренесени во Ургентниот центар на Клиничкиот центар во Белград, Клиничкиот болнички центар „Драгиша Мишовиќ“ и Општата болница „Свети Лука“ во Смедерево.

Двајца од оперираните во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“ се во животна опасност, осуммина од Ургентниот центар во Белград се стабилни, додека четворица починаа во Смедерево, две лица се пренесени во Белград, а три се оперирани.

Неофицијалните информации говорат дека пукањето започнало по расправија во училиштен двор по која осомничениот заминал дома, ја зел пушката и почнал да пука. Меѓу првите жртви беа полицаец и неговата сестра додека идентитетот на останатите сè уште не е познат.

Вооружениот напад во Дубона е второ масовно злосторство во изминатите три дена во Србија.