Вчера на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 24 возачи, од кои 11 санкции се изречени на територија на Битола, 11 на територија на Ресен и по една во Прилеп и Демир Хисар, велат од СВР Битола.
Додаваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.
Фото: Архива












