Министерот за земјоделие Љупчо Николовски рече дека преку навремената реакција на Управата за хидрометеоролошки работи со активирање на воздухопловите за авионско засејување на градоносните облаци и со вкупно 262 палки беше дејствувано врз градоносни облаци.
Тој вели дека ова е рекордно дејствување на авионите со рекорно искористени палки за еден ден, при што е спречена појава на град во над 80% од прогнозите, со што е спречено предизвикување на поголеми штети на земјоделските посеви.













