Денеска градоначалникот Тони Коњановски одржа прес конференција на која зборуваше за неколку актуелни проблеми во градот. Големото внимание кон последниот реализиран проект – асфалтирањето на улицата СРУ-5 во Касарната заради фактот што трансформатор го попречува безбедното минување низ улицата. Освен политичко, има и огромно негативно мислење на јавноста.

Градоначалникот Коњановски на денешната прес конференција се обрати за многу од темите за кои ТЕРА ТВ информираше во изминатите месеци. Се осврна и на последниот општински проект – асфалтирањето на СРУ-5, од вчера позната како „Улица Трафостаница“. Информираше дека викендов се бележела и поставувала хоризонталната и вертикална сигнализација, дека има велосипедски и пешачки патеки.
„Да напоменам дека дотогаш Битола немаше велосипедски патеки. ЈП „Паркинзи“ работеше и на поставување и бележење и на хоризонталната и вертикалната сигнализација на улицата врз основа на одобрен сообраќаен проект за траен режим за користење за оваа улица.
Улицата сеуште се работи, и не е ставена во употреба.

Да појаснам дека планската документација и проектот се од пред 15 години , а трансформаторот кој таму се наоѓа е објект важен за напојување на Спорската сала, Музејот, Катастарот, дел од ракометното игралиште и целото шеталиште.
Во ниту еден момент не го оставивме трансформаторот како неважен сегмент. Напротив. Одлучивме да инвестираме, да градиме и сите предизвици да ги решаваме тековно, согласно расположивата документација.
Во планската документација која е во сила она што можеме да го видиме на терен во моментот е понуденото решение за овој трансформатор каде пешачката патека е предвидено да го заобиколи трансформаторот.

Коњановски на прес уверуваше дека за време на реализацијата според проектната документација и Деталниот урбанистички план, за нови градби тука непосредно на овој терен, се контактирало и со ЕВН за трафостаницата. Па објасна зошто сметал дека треба да се инвестира.
„Имајќи ги предвид овие потреби за изградба на инфраструктура во поранешната касарна, но и во очекување на новите електрични автобуси кои ги очекуваме од владата за кои ќе треба да се обезбеди соодветно електрично напојување, во овој момент одлучивме да инвестираме во улицата согласно затекнатата проектна документација. А согласно тоа и затекнатата моментална поставеност на трансформаторот. Лично сметам дека во овој момент трансформаторот освен можеби визуелно или естетски, како сакате, функционално не претставува никаква пречка. Улицата е изградена според проектната документација како и воведениот режим на сообраќај. Координацијата со ЕВН е воспоставена во текот на целата изведба на проектот и очекувам дека за многу скоро и овие визуелни пречки, препреки во овој дел ќе бидат надминати. А Битола во исто време ќе има улица, и пешачки, и велосипедски патеки во овој дел, но и непречено снабдување со електрична енергија на околните институции, објекти, како и соодветно напојување за новите електрични автобуси.“
„Нагласувам! – рече градоначалникот, „ Ова се повеќе процеси кои се изведуваат паралелно, согласно Законот. “

Во продолжение Коњановски одговараше на новинарски прашања, кои во неколку наврати се претворија во дискусија на неверување.
Новинарско прашање: Сте биле во „битка“ со трансформаторот. Прашањето гласи, затоа што сите сме генерали по војна и сите знаеме како треба кога откако некој од нула ќе стигне до нешто, Зошто 50сантиметри понатаму, полево не е турната кривината? Или еден метар? Нели е државно тоа земјиште од таа страна (спротивната) , кадешто е празно сега.
Коњановски: „Видете, ништо не можете ван постоечкиот проект да работите , токму од причините што ова е Битола. Можеби во некој град тоа би можело да се направи, овде јас не би си дозволил да одам надвор од проектната документација и она што е испроектирано, како што треба. Не постои можност трафостаница да ја преместите, има можност за нова.
Новинар – не трафостаницата, патот!
Коњановски: „Никој не сака да си ја преземи таа одговорност да го помести, оти таму ако гледате се работи за 15-20 сантиметри.“

Новинарско прашање – А ова значи вака сте го планирале ?
Коњановски: „Pа вака е планирано, ова е според проектот исклучиво според проектот. Меѓутоа велам, ако имало било какви проблеми во делот на одвивање на сообраќајот, сигурно нема да добиевме траен сообраќаен режим. Ова, одговорно тврдам дека не смета во одвивањето
Новинар – дали точно така било планирано?
Коњановски : „Да, да. Постои потреба од, со оглед дека таму се гради и со оглед дека дополнително ќе се граади, гледате сами на терен, за појачуавње на капацитетот на трафостаницата, нови две локации имало на површина кои воопшти не одговарале ни за ЕВН да може да ги поврзи, сме велам и во потрага по нова локација на трафостаница“.
Новинар: Нова трафостаница?
Коњановски: „Треба да има која ќе ги веќе зголемените потреби од целиот тој дел во градот во таа локација која ќе има потреба. Зашто велам и да се направи таа трафостаница, префрлање од една во друга ви треба најмалку 72 часа . Меѓутоа имате витални објекти кои кои неможете да ги исклучите. Тоа се Спортската сала, Катастарот, замислете да остават период, меѓутоа, повторно велам, решение ќе се бара и ќе се има. Ние сакавме…“
Новинар: И „Киро Дандаро“ печатницата е поврзана?
Коњановски: „Не. Ние сакавме улицата да биде направена затоа што е од витално значење , таа го растеретува сообраќајот, го растеретува и „Партизанска“. Гледате вие со „Крушевска Република“ , „Партизанска“ е растеретена ( улици , н.з) , многу, сообраќајот. Сега се трудиме секаде кадешто има можност и велосипедски аптеки, а зошто некој не предвидел во цела населба велосипедски патеки и автобуски постојки, тоа е друго прашање. “

Новинарско прашање: Градоначалниче, се соочуваме постојано со вакви проблеми, значи ќе се асфалтира улицата , ќе се раскопа асфалтот , па еве сега проектот пола останат, трафостаницата пола изглегува …
Коњановски:„ Не е пола“
Новинар: Добро, 15 сантиметри, не е Ваша одговорноста, меѓутоа каде е одговорноста на луѓето коишто го правеле проектот , до кога ќе ни се случуваат вакви работи, до кога никој нема да одговара, чив е проектот?
Коњановски: „Секогаш градоначалникот одговара. Проектот е таков и така е вклопена, ја имале во предвид, таа се знаела, таа не се појави… меѓутоа велам, мора да одите според планската и проектна документација …
Новинар: што во вакви ситуации?
Коњановски: „И ние се обидовме пред тоа, кои се можностите да се дислоцира – ниту улицата, ни трансформаторот, не постои можност да го поместите 20 сантими.“
Новинар: И нема можност 20 сантими да свртат од околу значи и да побарате експропријација или, ако е државно земјиште..
Новинарско прашање: Зошто нема можност 20 сантиметри да се дисплоцира улицата?
Вики, шефица на кабинет: „Затоа што нема маркица за ДУП!“

Новинарско прашање: Во нашите прашања од ова утро побаравме и електронски да ни го испратите проектотво насока кон потврда или негирање на следното прашање – има сознанија или гласини како сакате наречете ги , да не влегуваме во ничија политичка агенда, дека всушност ова е проект од поодамна којшто треба да има два тротоари, две пешачки кадешто овој трансформатор воопшто нема да смета , но , направена е интервенција во проектот , значи променет е проектот за да ги има двете велосипедски патеки. Ќе го потврдите или ќе го негирате ова?
Коњановски:. „Сега има две пешачки, има две пешачки“.
Новинар: Но кај трансформаторот не се движат пешаци.
Коњановски:„ Ќе има, ќе се заобиколи, така како што е според проектот.“

До крајот на прес конференцијата градоначалникот Коњановски зборуваше за транспарентноста на општинската администрација и неговата работа, а ни вети дека на писмено ќе ги добиеме одговорите и проектот по кој се работи.












