Мала победа пред тендерите на властите извојуваа жителите на селото Љубојно. Државата ќе го менува планот за сеча на дрвја во атарот на љубојно потврдувајќи дека досега предвидените количини водат до комплетно соголување на шумата.
Ова е барем првиот заклучок по информацијата што ја објавија жителите на ова преспанско село, по 255 дена континуиран протест и блокирање на патиштата кои водат до планината. Бараа привремена забрана за сеча, јавна расправа и целосна ревизија на концесијата. Се обрачаа до надлежните институции иако изгледите за успех им беа распрснати – и од граѓаните кои не веруваа дека владина одлука може да се промени, ниту од тие кои веруваат дека во бизнисот на некој што добил концесија неможе ништо да се промени. Од Министерството за земјоделие и шумарство добија одговор дека сечата е законска и планска, во рамките на „Посебниот план за стопанисување со шуми за Стопанскиот сектор Пелистер–Брајчино“, донесен со решение од 13 март 2024 година. Одредени медиумски пишувања ја именуваат фирмата „Диба Трејд“ од Косел, како носител на концесиски договор со ЈП „Национални шуми“.

Најновата информација којашто ја добија од Министерството е дека ќе биде побарано експертско мислење во врска со спроведувањето на постоечкиот план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Пелистер-Брајчино“, со важност 2024 – 2033 година, со посебен осврт за состојбата во атарот на село Љубојно како и процена за ризиците, за што сега ве известуваме дека Министерството го доби мислењето од Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, со кое се укажува дека е потребно да се пристапи кон изменување и дополнување на постоечкиот план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Пелистер-Брајчино“, со важност 2024 – 2033 година. И , дека „ Министерството по добивањето на мислењето, со допис се обрати до ЈП Национални шуми Скопје со укажување дека е потребно да започне постапка за изменување и дополнување на постоечкиот план за стопанисување со шумите за шумскостопанската единица „Пелистер-Брајчино“, со важност 2024 – 2033 година.“

Административната процедура за измена на десетгодишниот план е зпочната, а со самиот факт што се бара измена на планот, подразбира дека индиркетно се потврдуваат стравовите на мештаните за соголување на шумата над Љубојно, ерозија на почвата и опасност од поплави во селото – со тоа и нанесување на материјална штета на жителите и се потврдува и нивното стравување од загрозување на изворите со вода.


Сега жителите на Љубојно очекуваат брза реакција на институциите, затоа што и универзитетски експерти потврдија дека постоечкиот план за сеча е ризичен и несоодветен за спецификата на теренот. Над селото се наоѓа шумски простор со дабови, бука, смрека. Селото е сместено на околу 2 километри источно од Преспанското Езеро, во една од западните пазуви на планината Баба, во долниот тек на живописната долина на Брајчинска река. Се простира на обата брега на реката, на надморска височина од околу 920 метри. Се наоѓа 2 километри од езерото, а на 28 километри оддалеченост од Ресен.












