ТЕРА

REKLAMA???

32 САНКЦИИ ЗА ПРЕКРШОЦИ ШТО ГИ ПРАВАТ ПЕШАЦИТЕ

Денеска во периодот од 09.00 до 14.00 часот спроведена е засилена акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. При контролата санкционирани се 32 пешаци.

За време на контролата регистрирани се и  седум останати прекршоци.

Од СВР Битола велат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано.