Во дворот на ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ денеска беа засадени 33 садници. Акцијата ја спроведе општина Битола во соработка со Здружението „Ромска Ѕвезда“. Градоначалникот Коњановски, најави дека, општина Битола, преку Програмата за активности во областа на спортот и младите за 2023 година, планира продолжување на ваквите активности кои ќе се реализираат за подобрување на надворешната спортската инфраструктура и замена на дотраените спортски реквизити или поставување на кошаркарски табли, ракометни и фудбалски голови, како и поставување на пристапни рампи во спортските објекти.
Директорот на училиштето, Роберт Филиповски, изрази јавна благодарност за поддршката која ја добива училиштето од општината, а истакна дека со денешната активност и на здружението „Ромска ѕвезда“, се потврдува и соработката со невладиниот сектор.












