ТЕРА

REKLAMA???

40 ГОДИНИ ОД РАБОТНАТА АКЦИЈА „ПАТ НА МЛАДОСТА 1982“

По повод 40 години од сојузната работна акција „Пат на младоста 1982“, здружението на волонтери – акцијаши „Волонтери – Пелистер“ – Битола, денеска организира средба на акцијаши – младински активисти од Битола и Македонија.

Втората работна акција се одржа во 1983 година, третата и последна во 1984 година. Претходно биле работните акции во 1979 година за Стрежево, 1980 година исто така Стрежево, и 1981 година стрежевската. Тие се шест сојузни акции, од кои првата акција била за изградбата на системот Пелагонија.

Работната акција „Пат на младоста 1982“ продолжи после трите години работни акции за изградба на хидростистемот Стрежево, а три години од „Пат на малдоста“ работеа на патниот правец Прилеп-Битола-Ресен.

„Секоја година учествуваа по пет до шест бригади во смена, околу 1000 луѓе на една акција со претставници од сите републики во тогашна Југославија. Имаше големо дружење и други вредности кои тогаш се практикуваа за разлика од денеска“ рече Мишко Ѓелевски -командант на сојузната младинска работна акција „Пат на младоста 1982“.

По средбата во дворот на општината, заминаа на патот кој го градеа на излезот на Битола кон Ресен, од таму ќе продолжат до Скијачкиот центар Нижеполе, а потоа на бригадирски ручек во Студентскиот дом во Битола.