ТЕРА

REKLAMA???

5 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ФОТОНАПОНСКИТЕ ЕЛЕКТРАНИ „БИТОЛА 1“ И „ОСЛОМЕЈ 2“

Пет милиони евра грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе бидат вложени во проектите за изградба на фотонапонските електрани „Битола 1“ и „Осломеј 2“, што треба да придонесат за енергетската транзиција на земјава.

Договорот за грантот го потпишаа денеска генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев и претставникот на ЕБОР Фатих Туркменоглу, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и евроамбасадорот во државава Михалис Рокас.

„Битола 1″ и „Осломеј 2″ директно ќе се осврнат на импликациите на нееднаквоста од транзицијата кон зелена енергија и ќе ги дефинираат можностите за повторно вработување и преквалификување на поширокиот регионален пазар на труд за преквалификација на локалната работна сила, стои во информацијата од делегацијата на Европската комисија во Скопје.

Фотоволтаиците ќе бидат инсталирани во двете електрани до 30 септември 2025 година за да се обезбеди комбиниран капацитет од 30 MW на терен (20 MW за „Битола 1″ и 10 MW за „Осломеј 2″). Двете соларни електрани се очекува да произведат 50 GWh електрична енергија, што одговара на потребите од енергија на 8.500 домаќинства и со кои емисиите на  CO2 би се намалиле за 34.000 тони годишно.

Договорот за грант за „Битола 1″ и „Осломеј 2″ е во вредност од 25,6 милиони евра, кои се обезбедени преку Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF), финансирана од ЕУ. Од нив, околу 5 милиони евра се кофинансирање од Европската Унија.

До денес Македонија доби грантови во вредност од околу 215 милиони евра во рамките на WBIF и за техничка поддршка и за инфраструктурни инвестиции во енергетскиот сектор. Последниве се однесуваат на фотоволтаици, ветерници и рехабилитација на хидроцентрали и изнесуваат 38 милиони евра.