ТЕРА

REKLAMA???

55 ГОДИНИ ОД МАТУРИРАЊЕТО

Месеците мај и јуни се месеци за матурски прослави. Не само за оние кои за првпат слават матура, туку и за оние кои одбележуваат јубилеи од матурирањето.

Деновиве имаше една таква прослава на повеќе од половина век од матурирањето или точно 55 години.

Прославуваа од генерацијата 1966/67, тогаш го завршија своето гимназиско образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“.

Со нас информациите ги сподели Марија Петковиќ една од тогашните скоро 240 матуранти. Вели во прва година кога се запишале биле 18 паралелки, во четврта година таа бројка си намалила на 8 паралелки. Во време на експанзија на стопанството дел од нив одлучиле да продолжат во тој сектор, а другите да обезбедат виза за на факултет.

Се присетува дека биле поделени на јазични и математички паралелки, а се изучувале и англискиот, рускиот, германскиот и францускиот јазик.

Наставата била кабинетска и голем дел од таа генерација изгегле истакнати интелектуаци во повеќе области.

Матурската прослава тогаш им била во ресторанот „Македонија“. На 50 годишнината од матурирањето биле 88 лица, а сега на 55 годишнината 46 луѓе.

Во наредните денови и за уште две прослави за матурирањето по 53 и 60 години.

Фото и видео: Сашо Ставрев