ТЕРА

REKLAMA???

6 АКТИВНИ ПОЖАРИ, ВО МАРИОВСКО ЗАФАТЕНА И БОРОВА ШУМА

Според Центарот за управување со кризи во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 40 пожари на отворен простор, од кои активни се 6, под контрола е 1 и изгаснати се 33.

Од активните пожари критичен е тој во Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково, пожарот се шири на 3 крака: с.Бонче кон с.Крушевица, превој Слива кон с.Чумово и кон с.Пештани (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума).

Активни пожари има и во Општина Чашка, Општина Петровец, Општина Штип, Општина Чучер-Сандево, Општина Долнени.