ТЕРА

REKLAMA???

71,6 СТЕПЕНИ Е АПСОЛУТНОТО ГОДИШНО ВАРИРАЊЕ НА ТЕМПЕРАТУРАТА ВО БИТОЛА

Кога зборуваме за климата таа веќе не е како што била некогаш или како што сме учеле во минатото кога се знаеше што е пролет, кога е лето, есен и зима.

На пример во месец јануари годинава имавме неколку годишни времиња. Како пример ќе го земиме 9 јануари оваа година кога во Битола беше измерена максимална температура од 17 степени, што би рекле вистинска пролет. И ден претхдно беше 17, а пред тоа 10 степени. Се на се топол Божик оваа година.

А потоа не фати снег, во Битола наврнаа околу 40 см, потоа и ладни утра и до -7 степени, но не пак ќе речеме како во зимите од пред повеќе децении кога се тресевме на -25 степени. И кога се стопи снегот, падна магла и заглавивме во неа.

Во пролет пак знае да биде многу дождливо, летата и дождливи и жешки и со почести екстремни временски пореметувања, куси но силни невремиња кои често предизвикуваат штети. И така временскиот календат со овој реалниот никако да се погодат.

А Битола има средна годишна температура на воздухот од 11,1°С, но со големи отстапувања во одредени години од 10,1°С во 1975 година до 13,1°С во 1952 година. Најстуден месец е јануари, со просечна месечна температура од -0,6°С, но со апсолутна минимална температура од -30,4°С.

Најтопол месец е јули, со средна месечна температура од 22,2°С и со апсолутно максимална температура од 41,2°С. Апсолутното годишно варирање на температурата на воздухот изнесува 71,6°С што е специфика за континенталната клима.

Температурата има одлика на континентална клима, а врнежите на сушна изменето-средоземна или степска клима која, на моменти, има пробиви и на жешки воздушни маси од Северна Африка т.е. Сахара. Просечното годишно количество на врнежи изнесува 601 мм, со вредности кои се движат од 338 мм до 879 мм.

Битола исто така е пример со појавата на поларна светлина. Преку Битола поминува изохазмата (линија која поврзува места со еднаков број на денови со појава на поларна светлост) 0,1 што значи дека на небото на Битола просечно само еднаш во 10 години, се појавува поларната светлост.

Поларна светлина или аурора е природна појава на светлина на небото, особено во поларните региони, предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата. Поларната светлина обично се забележува ноќе, а настанува во јоносферата.

Оваа светлина обично се јавува за време на рамнодениците.