ТЕРА

REKLAMA???

744 ПРВАЧИЊА ВО БИТОЛА

Со интонирање на химната на Македонија денес вкупно 744 првачиња седнаа во битолските училишни клупи. Заменик градоначалникот Бојан Бојкоски им посака успех и вети реализација на најавените инвестиции во образовниот процес посебно во делот на спортската инфраструктура.

 

744 првачиња ја започнуваат оваа учебна година на ниво на Општина Битола. Првиот час им започна со интонирање на химната по донесената одлука на битолскиот Совет.

Заменик градоначалникот Бојкоски денес ги посети првооделенците во основните училишта „Свети Климент Охридски”, „Ѓорги Сугарев” и во подрачното училиште „Тодор Ангелевски” во Горно Оризари, упати желби за успешен почеток. Бојкоски нагласи дека покрај оваа поддршка локалната самоуправа продолжува со инвестиции во воспитно обрзовните објекти, а посебно во подобрувањето на спортската инфраструктура и реконструкцијата на спортските игралишта во училиштата, како што тоа неодамна беше направено со игралиштето во ОУ „Елпида Караманди”, а веќе се подготвени за реализација и проекти за неколку други игралишта.

Општина Битола трета година по ред продолжува со реализација на финансиската поддршка од општината за учениците од прво одделение, воведена на иницијатива на градоначалникот Тони Коњановски, со која секое прваче добива 3.000 денари, како поддршка во подготовките за наставниот процес. Химната на Македонија денес го означи стартот на учебната година во сите битолски училишта а тоа ќе биде практика секој понеделник.

Вкупно 7.212 ученици се во основното образование а 3.681 во средното образование во Битола.