Центарот за управување со кризи соопшти дека во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 43 пожари, од кои 9 се активни, 4 се под контрола и 30 се изгаснати.
Активни се пожарите во општините Пехчево, Старо Нагоричане, Кратово, Македонски Брод, Свети Николе, Пробиштип, Пласница и Општина Кочани.
Под контрола е пожарот на Илинска Планина во Општина Демир Хисар. потоа пожарот во Општина Кочани кај селото Главовица и Пониква, во Општина Свети Николе кај село Орел кон с.Мездра и во Општина Свети Николе кај селото Ерџелија.
Изгаснат е пожарот во Општина Битола кај село Братиндол.
Фото: Центар за управување со кризи












