Пред денешниот вонреден НАТО-самит во Брисел на кој ќе присуствува и делегацијата на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски истакна оти на самитот меѓу другото ќе се говори за зацврстување на источното европско крило.

„И тоа се дискутираше на битните состаноци во НАТО, па во тој дел донесовме соодветни одлуки во поглед на зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано на овој вонреден самит“, истакна Ковачевски.

Тој, меѓу другото, потенцираше оти Македонија веќе има понудено соодветна помош на украинскиот народ, а сега е време, како што нагласи и самиот, кога народот на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.

„Денес сме сведоци пред голем предизвик за Европа и за целиот свет. Бевме убедени дека мирот во Европа никогаш нема да биде прекинат со ваквата агресија на Руската Федерација кон Украина. Тоа претставува невидено кршење суверенитетот и територијалниот интегритет на една независна држава. Ова предизвикува бегалска криза.
Денес сите сојузници на НАТО се обединети и ќе ја дадеме нашата поддршка за народот на Украина. Ќе останеме обединети и Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе ја усогласи својата надворешна политика со ЕУ и ги донесовме сите одлуки со земјите членки на НАТО и на ЕУ.
Самитот има за цел е да го одврати Путин од тоа што Русија го прави во Украина. Сметаме дека мирното решение е единствениот начин за решавање на ова прашање.
Во насока да им помогнеме на Украинците ги донесовме сите потребни одлуки во земјата за да ги прифатиме сите бегалци кои би побарале засолниште во нашата држава.
На состаноците кои претходеа на овој самит во НАТО беше разговарано за зацврстување на источното крило и тоа секако ќе биде дискутирано и на овој вонреден самит.
Северна Македонија како земја членка на НАТО веќе понуди соодветна помош на украинскиот народ. Сега е време кога слободниот народ на Украина има потреба од помош од демократскиот свет.” рече Ковачевски.













