ТЕРА

REKLAMA???

Илиевски: Власта не ни го прифати предлогот за цените во јавниот превоз

СДСМ денеска реагираше на поскапувањето на цената на автобускиот билет, во градот од 20 на 30 денари, како и на други релации. Советникот од СДСМ, Методија Илиевски рече дека СДСМ преку своите советници понуди решение кое, како што вели,  ќе биде во корист и на превозниците и на граѓаните.

„Свесни дека горивата секаде во светот се поскапија, па и кај нас, превозниците мора да вадат леб, да ранат семејства и да плаќаат вработени. Во пресрет мораше да излези општината и да субвенционира 10 денари од секој билет за поскапувањето да не биде на товар на граѓаните. ДПМНЕ и Поинаку нашиот предлог не го прифатија. А, пари во буџетот има. Ама, се трошат на партиски вработувања, тендери за нови коли во општината, мебел и луксузи на Коњановски и Илиевска“ вели Илиевски.