Денеска времето променливо облачно, претпладне во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Од УХМР информираат дека преодно стабилизирање на времето ќе има утре, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно, сончево и топло.













