Познатиот битолски рок состав „Чоканче“ по подолга пауза објави нова песна. „Игра рок анд рол цела Македонија“ е создадена пред 7 години, но била завршена минатиот месец. Според членовите на групата, се работи за еден искрен опис на секојдневието во Македонија.
Големи музички хитови кои што се дел од културолошкиот менталитет на македонскиот народ се резултат на потребата на нашето општество за еден подобар живот на граѓаните. А такви битолските рок ветерани Чоканче ги имаат повеќе. Чоканче се рок бенд кој што го нудеше тоа бегство од младинските проблеми, а и ден денес тоа го прави со музика за сите генерации.
Песната е снимена во студиото на Владко Симоновски во Битола, кој се потпишува и како снимател и продуцент .Фото – видео Иван Михајловиќ. Во тимот на “Чоканче“ тапаните ги сними Или Лулевски, гитара Зоран Илиевски – Скроч, бас гитара Крсте Симоновски – Крчо, гитара Игор Беговски, а како и секогаш вокал е Бранко Шпољариќ – Паљачот.
Песните на Чоканче секогаш беа бунтовни, го отсликуваа секојдневието и еве и сега после 3 децении години нивната музика е одговор на се она околу нас. Препознатливи во својот музички израз, битолчаните преку она што најдобро го знаат музиката, даваат одговор на едно време во кое проблемите ги засегаат сите генерации, а во исто време се сведок на секогаш тешкиот пат посебно денес на рок музиката.


















