ТЕРА

REKLAMA???

„КАКВИ СЕ ОВА ВРЕМИЊА“ НОВА ПЕСНА НА ДАРИО

„Какви се ова времиња“ е насловот на најновата песна на нашиот познат пејач Дарио кој по долга пауза се враќа со нова моќна балада за фановите. 

Музиката и текстот ги пишуваше сам, а аранжманот е на Кристијан Габроски. 
-„Какви се ова времиња, на сите страни разни племиња, Мечтаевме за широки светови, а еве сме на пусти острови“, се вели во песната.

За истата сними и интересен видео спот на неколку локации во Скопје.

Дарио е еден од оние автори и изведувачи кои твори полека, но она што ќе го направи и испее останува засекогаш. Речиси секоја негова песна станува хит, а повеќето од нив остануваат евергрини. Едни од оние вечни, безвременски песни кои живеат низ времето и одново ги откриваат новите генерации.