ТЕРА

REKLAMA???

90 САНКЦИОНИРАНИ МОТОЦИКЛИСТИ ВО БИТОЛА И ПРИЛЕП

На 13.05.2022 во периодот од 18.00 до 23.00 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа акциска контрола за прекршоци кои ги прават возачите на мотоцикли на територија на СВР Битола.

За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 90 прекршоци, од кои 50 на територија на Прилеп и 40 на територија на Битола, стои во соопштението на полицијата.

Исто така, во периодот од 23.00 до 02.00 часот, на подрачјето на Битола била  спроведена акциска контрола за управување возило под дејство на алкохол. За време на контролата констатирани и законски санкционирани се 5 прекршоци.

Од СВР Битола велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.