Победата на Пелистер, втора во серијата против екипата на Еуро Никел 2005, ја формираше и финалната двојка за завршницата од Плеј-офот.
За првпат во својата историја, битолските „зелени-бели“ стигнаа до последната рунда во шампионатот, во која се одлучува за титулата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ФИНАЛНАТА СЕРИЈА
(се игра на три добиени натпревари)
3 јуни (петок): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер
5 јуни (недела): Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
7 јуни (вторник): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер
10 јуни (петок): Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром (ако биде потребно)
12 јуни (недела): МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер (ако биде потребно)












