Меморијалниот турнир во фудбал „Јове Начко 2022“ и оваа година ќе биде редовно одигран во Битола. Годинава натпреварот кој ќе го одбележи турнирот е интернационален и в сабота од 17:00 часот на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во Битола ќе се сретнат ЗФСК Начко од Битола и Вранич, општина Барајево од Србија.
Турнирот е убава можност за дружење, забава и потсетување на делото на познатиот спортист и спортски работник Јове Начко.
Влезот е слободен.












