Раководството на Пелистер полека ги прави плановите за новата сезона.
Учеството во АБА 2 претстојната сезона не доаѓа во прашање и тоа е 99% сигурно. Она што е желба на сите во клубот е настапот на уште повисоко ниво, односно квалификациите за ФИБА Европа купот. Наводно, за тоа е разговарано претходните недели, но конечната одлука ќе биде донесена по завршувањето на плеј-офот во кој Пелистер се бори за шампионската титула против МЗТ Скопје.
На првиот натпревар Пелистер загуби во Скопје, а утре од 18:30 часот се игра вториот натпревар.












