ТЕРА

REKLAMA???

ИЛИЕВСКИ: ГОРД СУМ НА МОМЦИТЕ, ПРЕДИЗВИК НИ Е ИЗЛЕЗ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА

Пелистер е еден од клубовите кои ја освежија македонската кошарка последните две сезони и покажаа дека може да се игра квалитетно и надвор од Скопје.

За раководството и тренерот Марјан Илиевски тоа е само мотив повеќе да се продолжи на ист начин и во следната натпреварувачка кампања.

„МЗТ Скопје Аеродром сосема заслужено дојде до победата. Тие ја исполнија својата клупска цел. Квалитетната ротација и подолгата клупа пресудија. Без оглед на крајот на оваа серија, за мене, моите играчи сосема заслужено стигнаа до тука, па дури и да го освоевме трофејот. Горди сме на сработеното, особено со проблемите кои ги имавме. Ние истуркавме дотука, со желба и љубов кон клубот. Покажавме дека знаеме како треба да ги браниме боите на Пелистер и создадовме симпатија во градот меѓу публиката, а нивното присуство е наш најголем трофеј.

Ако одиме редоследно, минатата година завршивме трети, оваа втори, па следната сакаме да бидеме први. Сепак, тука влијаат повеќе фактори, ќе зависи од политиката на клубот и како се гледа на иднината. Ние како спортисти сакаме да се натпреваруваме со квалитетни екипи. Сакаме да излеземе на меѓународна сцена и тоа е предизвик за нас. Гледајќи како реагираше градот и публиката, а заедно и ние со нив, жално би било да нема таква можност за сите да се радуваме“, ни рече тренерот на Пелистер, Maрјан Илиевски.

Следната сезона КК Пелистер ќе се натпреварува во АБА2 лигата и во ФИБА Европа Купот, покрај во домашните натпреварувања.