Битолски Пелистер продолжува со создавање на тим за следната сезона во која ќе се обидат да изборат враќање во Првата лига, откако изминатава сезона испаднаа по лошите настапи, а денеска тимот од Битола потпиша нови договори со четири фудбалери.
Битолскиот тим им ги продолжи договорите на Борче Маневски, Петар Љамчевски, Јовче Трајковски и Филип Трајчевски, а повеќе детали не беа објавени од Пелистер.
Екипата на Пелистер претходно потпиша со Илче Петрески, Благоја Љамчевски и Филип Миленковски кој се сели во Битола од штипска Брегалница.












