ТЕРА

REKLAMA???

ВОЗОВИТЕ ЈА НАМАЛИЈА БРЗИНАТА

Жешкото време го забави и железничкиот транспорт. Велат нема големо пролонгирање на времетраењето на патувањето, кон одредени доцнења влијале и други фактори. Но, факторот топлото време, како секое лето така и ова ја забавува брзината.

Сега возовите сообраќаат со ограничувања на брзината на пругите поради високите летни температури. Од 12:00 до 19:00 часот сите возови сообраќаат со максимална брзина од 50 километри на час, а од 19:00 часот до следниот ден до 12:00 часот со 70 километри на час.

Засега барем според цената, железничкиот патнички транпсорет е најевтин, односно од Битола до Скопје билетот во два правци чини 502 денари.

Од Битола кон Скопје има три воза, во 3:15, потоа во 12:50 и 18:25 часот.

За враќање од Скопје возовите кон Битола се во 6:53, 14:30 и 20:05.

Патувањето според возниот ред трае околу три и пол часа.