Љубомир Младеновски и следната сезона ќе го носи дресот на Пелистер. Битолскиот клуб и Младеновски ја искористи опцијата за втора сезона во актуелениот договор и ќе остане во Битола. Високиот 27-годишен центар дојде минатото лето во Пелистер од Работнички, а претходно настапуваше за МЗТ Скопје и Илирија.
Пелистер врати и двајца битолчани кои играа во Втората лига во својот матичен клуб. Нови членови на битолскиот прволигаш се Александар Јовановски, кој доаѓа од Охрид и Мартин Ристевски, кој минатата сезона настапуваше за Чаир.
Подготовките на Марјан Илиевски се закажани за 28 август во спортската сала „Боро Чурлевски“.












