ТЕРА

REKLAMA???

ДЕБОРА ДЕ ЛУКА, МАХМУТ ОРХАН, СЕНИДА И КРИСТИЈАН МОЛНАР НА GET EXITED ВО СТРУМИЦА

„Гет ЕГЗИТед“ (Get EXITed) забавата, која ќе се одржи на  7 септември на Големиот парк во Струмица, во овој македонски град носи возбудливи светски и регионални имиња! На големата летна забава доаѓа една од водечките итајлијански техно-ѕвезди Дебора Де Лука, глобалниот хитмејкер, продуцент и диџеј Махмут Орхан,неприкосновената балканска кралица на трап музиката Сенида и еден од најпознатите регионални диџеи со интернационална кариера Кристијан Молнар. Наскоро ќе бидат најавени уште имиња, а влезот на оваа забава која ќе трае дури девет часа е слободен! „Гет ЕГЗИТед“забавата во преубавиот град Струмица го најавува покренувањето на Егзитовиот фестивал во Македонија, планиран за следната, 2023 година.

Дебора Де Лука , по потекло од Наполи спаѓа во водечките женски техно ѕвезди со армија на фанови! Својот енергичен и тврд техно звук неодамна го потврди со албумот „She Sleeps“, кој го објави под сопствената издавачка куќа „Solamente Records“.  Зад себе има ипресивни сетови, а само некои од нив се за „Cercle“ пред францускиот дворец Шамбор, потоа сет во соработка со престижниот светски магазин „Миксмаг“, снимен на врвот на наполските станбени згради познати во светот од серијата „Гомора“, како и оној за „Битпорт“, на  стадионот „Диего Армандо Марадона“. Само овие сетови заедно бројат преку 30 милиони прегледи, а Дебора Де Лука на Инстаграм има скоро два милиони следбеници.

Махмут Орхан комбинира дип-хаус, груви-инди денс и етно звук, а во 2016 година направи вистинска еуфорија на музичката сцена со објавување на нумерата „Feel“, која денес брои близу пола милион прегледи и стримови на „ЈуТјуб“ и „Спотифај“. Кариерата Махмут Орхан ја заслужи со неговиот непогрешлив талент за правење хитови, кои заедно собраа вртоглави милијарда прегледи. Како еден од најперспективните изведувачи на денс музиката на денешницата, Махмут Орхан во последните неколку години стана задолжително име на водечките светски фестивали.

Фантастичната Сенида стабилно маршира на регионалната трап сцена во последните пет години. Нејзиниот глас е специфичен и суров, музиката е силна и нежна истовремено, додека на сцена зрачи со неверојатна енергија и бестрашно плива во контрасти од најсилната балканка до ранливата Слаѓана. Соработката со имиња како Цоби, „РАФ Камора“ и „Атлас Еротика“ ја издвои на сцената како камелеон подготвен да ѝ даде на публиката сè што има. Најновиот сингл „Behute“ е уште еден доказ за нејзината различност, а 28 милиони прегледи на „ЈуТјуб“ за половина година се уникатно љубовно писмо на нејзината публика.

Кристијан Молнар смета дека спаѓа во категоријата љубопитни диџеи, па неговите настапи се полни со свежа и разновидна музика. На репертоарот на еден од водечките српски диџеи се наоѓаат: мелодик и дип-техно, твистед диско, њујоршки хаус, вирдо-дарк, модерн вејв, битер битс, свит соул и други необични стилови, а таква музика промовира и на својата влијателна радио емисија која се емитува на националното „Радио Белград“.

Дебора Де Лука, Махмут Орхан, Сенида и Кристијан Молнар ги здружуваат силите за да донесат разновиден и енергичен звук во прекрасниот Голем парк на Струмица. Get EXITed забавата започнува во 21:00 часот и ќе трае до 06:00 часот.