Донте Карутерс е најновото американско во редовите на Пелистер. Битолчани прават мини-ремонт во играчкиот кадар, веќе си заминаа Кесар, Малешевиќ, Ѓуроски и Младеновиќ, а се очекува токму Карутерс да биде еден од главните адути на тренерот Илиевски во сезоната што следи.
Овој кошаркар има 27 години и настапува на плејмејкерската позиција, а доаѓа од таборот на Широки Бријег. Тој лани настапуваше за овој тим и во АБА2-лигата, каде имаше просек од осум поени и четири асистенции по натпревар.
Вчера Пелистер потпиша и со Иван Сапунџиев од ТФТ Скопје.


















