Ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија на победнички колосек по ремито во градскиот дуел пред девет дена. Попладнево во спортската сала „25 мај“ во Радовиш, лидерот во Б групата на Суперлигата не се ни испоти да стигне до бодовите. Без Вилсон и Сери, екипата на Ларс Валтер извојува победа од 37-21 (20-12).
Посебно инспирирани беа ракометарите од десната страна на битолчани: Хосни, Радовиќ и Костески.
Во следното петто коло Еурофарм Пелистер гостува во Скопје против новиот суперлигаш Јуниор Кисела Вода.












