ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ПОКАЖА КАРАКТЕР И ЈА ДОБИ ДРАМАТА ВО КУМАНОВО

Кошаркарите на Пелистер ја запишаа четвртата победа во пет натпревари од домашниот шампионат. Екипата на Марјан Илиевски славеше во Куманово со 78-81. Натпреварот беше доста израмнет, со доста израмнувања и чести промени на водството. На крајот, кога требаше, Пелистер се покажа како постабилна екипа, одиграа гостите од Битола многу посмирено, посконцентрирано во моментите кога се кршеше резултатот.

Хаџифејзовиќ даде 20 поени, Караџовски 15, Карутерс 14, а Мустафица пак заврши со „дабл-дабл“ ефект од 12 поени и 13 скока за Пелистер.

Во следното коло, по репрезентативната пауза, Пелистер го пречекува новиот прволигаш КК Чаир 2030.