Спортските клубови и здруженија и поединци кои настапуваат со знамето од Битола, со посебни активности го одбележаа Денот на ослободувањето на градот 4 -ти ноември, а сето тоа во рамките на програмата на општина Битола. Спортските манифестации беа збогатени со шаховски турнир во организација на Здружението на слепи лица. И оваа година здружението традиционално се придружи кон 4-то ноемвриските активности. Натпреварот се одвиваше во хотел Премиер.

Како дел од програмата, по повод одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, во Спортската сала „Боро Чурлевски“ се одржа ревијален фудбалски натпревар, помеѓу екипите на ветерани на ЗФСК „Јове Начко“ и ФК „Пелистер“. Празничната спортска програма ќе биде заокружена со изложбата на фотографии „Ѓуро Илиќ 45 години творештво во боречките вештини“ која ќе биде прикажана на 23- ти ноември во Офицерскиот дом.












