ТЕРА

REKLAMA???

ОБЛАЧНО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 15 СТЕПЕНИ

Утрово -4 степени во Берово, 2 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Струмица, 3 Тетово, Прилеп, Штип, Лазарополе, 4 Демир Капија, Маврови Анови, Попова Шапка, 5 Скопје-Зајчев Рид, Претор, Виница, 6 Охрид, Крушево, 7 Гевгелија, Дебар, 8 Дојран.

Во првата половина на ноќта имаше мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Во втората половина од ноќта и утрово по котлините има појава на магла и значителна ниска облачност. Во планинските подрачја е сончево со мала локална облачност.

Денеска променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините. Попладне во крајните западни делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 17 степени. Во Битола до 15 степени.