По речиси две години жесток спор за регистарските таблички, Белград и Приштина постигнаа договор за негово надминување. Спорот сериозно ги оптоваруваше односите меѓу Србија и Косово, пиштува Дојче Веле.
„Имаме договор“, објави на Твитер високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и за безбедност Жозеп Борел, потврдувајќи дека Белград и Приштина постигнале согласност за долгиот спор за регистерските таблички.
„Со задоволство можам да соопштам дека главните преговарачи на Косово и на Србија, со помош на ЕУ, се договорија за мерките со кои ќе бидат избегнати натамошни екскалации и е овозможено во целост да се насочат на предлогот за нормализирање на односите“, напиша Борел на Твитер.
Тој наведе дека Србија ќе престане да издава регистерски таблички со имиња на косовските градови, а Косово ќе запре со натамошна работа во врска со предрегистрација на возилата.
Српска листа, најголемата партија на косовските Срби, го поздрави договорот меѓу Косово и Србија за регистарските таблички постигнат во Брисел, истакнувајќи дека табличките КМ (Косовска Митровица) остануваат во употреба и дека „никој нема да ги одземе и нема да има казни“.












