Утрово 0 степени во Маврови Анови, 1 Лазарополе, 2 Крушево, Крива Паланка, Берово, 4 Дебар, Претор, Тетово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Виница, Битола, Прилеп, Штип, 6 Скопје – Петровец, Струмица, Демир Капија, Охрид, 7 Гевгелија.
Најмногу дожд 55 л/м2 наврнаа во Демир Капија, 49 Гевгелија 25 Маврови Анови, 19 Струмица, 15 Пожаране, Скопје – Петровец, 14 Битола, 13 Ѓуриште, 10 Крушево, 8 Куманово, 7 Тетово, 6 Штип, Скопје – Зајчев Рид, Берово, 5 Виница, Дебар, 3 Лазарополе, 2 Крива Паланка, 1 Прилеп, Претор,
До утрово 3 см снежна покривка на Маврови Анови, 1 см во Лазарополе.
Во текот на ноќта и утринава времето беше облачно со слаб до умерен ветер и со повремен дожд, а на планините од снег. Утринава поинтензивни врнежи има во централните делови од земјата.
Денеска облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег каде што снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни (над 15 л/м²). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 степени. Во Битола до 7 степени.












