ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ПО ДВЕ СЕЗОНИ ГО ВРАТИ ПАВЛЕ МИХАЈЛОСКИ

Павле Михајлоски го напушти Чаир и до крајот на сезоната ќе биде член на вицешампионот Пелистер.

Практично, тој се враќа во битолскиот прволигаш каде играше во сезоната 2020/21. Во досегашниот дел од првенство тој го носеше дресот на Чаир и на осум натпревари имаше ефект од 7,5 поени и 5,6 скока.

Михајлоски ќе му биде на располагање на Марјан Илиевски за дербито против ТФТ в четврток, дуел со кој се отвора 10. коло од Првата лига, а потоа ќе настапи и на третиот АБА 2 турнир што ќе се одржи на Златибор идната недела.