Како општествено одговорна организација Бизнис Академија Смилевски во текот на годината организира повеќе хуманитарни акции.
Деновиве на плоштадот „Магнолија“ во Битола се организира хуманитaрен предновогодишен базар со студентите, членови од Кариерниот центар на Бизнис Академија Смилевски под слоганот ,, Биди ТИ мојот Дедо Мраз”.

На базарот се продаваа лампиони и новогодишни украси кои студентите рачно ги изработија во текот на реализирање на програмските активности на Кариерниот центар.

Месец декември е месецот на подароци, месец во кој сакаме сите да подариме внимание и грижа. Најмногу на подароците се радуваат најмладите.
Токму поради тоа се одлучивме оваа хуманитарна акција да им ја посветиме на дечињата без родители и дечињата од социјално загрозените категории.












