Денеска во Битола започна „Зимската приказна“, програма со која се испраќа старата и ќе ја дочекаме Новата Година.
Ќе трае 8 дена на 3 локации, каде ќе бидат претставени 62 проекти. Програмата вклучува соработка на локалната самоуправа, јавните претпријатија, културните институции, бизнис секторот, невладиниот сектор и изведувачите од домашната музичка сцена. Дел од предновогодишното празнување, е и богатата детска програма.
Ова е програмата за денешниот прв ден.
Офицерски дом
11:00 КУД Стив Наумов
12:00 Ѕвездите на ,, ТРА ЛА ЛА ”
13:00 Детска театарска претстава ,, НОВИОТ ЕЛФ “ – Театар Дел Арте
Широк Сокак
Улична променада 12.00-14:00 настап на ученици од Државно музичко училиште на Широк Сокак пред Кино Манаки и пред Веро
Офицерски дом
20:00 – 20:30 EXPOSE Dance Studio
20:30 – 22:00 ДУВАЧКИ ОРКЕСТАР на Битола
22:00 – 00:00 Група ГРОМ












