ТЕРА

REKLAMA???

МАКЕДОНИЈА ПОБЕДНИЧКИ ГИ ЗАПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ, СОВЛАДАНА ЦРНА ГОРА ВО МАВРОВО

Македонската ракометна репрезентација забележа победа на денешниот натпревар со Црна Гора. Избраниците на селекторот Кире Лазаров одиграа рутински натпревар и заслужено победија со 38-33 (19-13).

Најефикасен во победничкиот состав беше Дејан Манасков со десет голови, по пет постигнаа Гоце Георгиевски, Филип Талески и Игор Ѓоргиев.

Двете репрезентации утре ќе одиграат уште еден пријателски натпревар.

Овие натпревари, како и претстојните против Хрватска и Израел на почетокот на јануари се во рамките на подготовките за настапот на македонскиот национален тим на Светското првенство 2023 во Полска и Шведска.