Агенцијата за млади и спорт (АМС) вечерва ги прогласи најдобрите во спортот за 2022 година, борачот Владимир Егоров и битолчанката Оливера Наковска Бикова која доминираше во пара стрелаштво се најдобри спортисти на Македонија.
Владимир Егоров кој на Македонија ѝ донесе злато од Европското првенство е прогласен за најдобар машки спортист на нашата земја. Наградата за најдобра спортистка ѝ припадна на Оливера Наковска-Бикова која ги освои титулите на европското и светското првенство во пара стрелаштво.
За најуспешна федерација беше прогласена Ракометната федерација на Македонија. Ракометот доминираше и кога беа пргоасени најдобрите репрезентации во женска и машка конкуренција.












